Италијанскиот регион Лацио во кој припаѓа и главниот град Рим од утре ќе воведе полициски час кој ќе трае од полноќ до пет часот наутро, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.
Некаков вид рестрикции како што пишува „Ројтерс“ ќе бидат воведени и за училиштата и универзитетите во тој регион.
Полициски час кој започнува од 23 часот веќе е воведен во областите Ломбардија и Кампанија.
Вчера во Италија беше забележан рекорден дневен број со 15.199 нови случаи на коронавирус.