Баерн Минхен продолжува онаму каде што застана минатата сезона, откако во првото коло во Лигата на Шампионите го демолираше Атлетико Мадрид со 4:0.
Мадриѓаните практично одвај шутнаа во рамките на голот на германскиот репрезентативен голман, Мануел Ноер, па тој при крајот на мечот си легна на тревата неколку секунди, иако фудбалерите на Атлетико Мадрид имаа посед.