Примирје само на хартија, продолжија вооружените судири во Нагорно-Карабах – ММС
ММС

Објавено на: 10/22/20 11:31 AM

Примирје само на хартија, продолжија вооружените судири во Нагорно-Карабах

Министерството за одбрана на Азарбејџан соопшти дека борбите околу Нагорно-Карабах продолжиле и вчера и денеска по целата линија на фронтот.

– Непријателот ги гранатираше одбрамбените позиции на азербејџанската војска со минофрлачи и топови, стои во соопштението од министерството а пренесува ТАС.

Во соопштението се додава и дека азербејџанските сили ја принудиле ерменската страна да се повлече од важните точки во областа Кубадли, поради големите загуби на војници и оружје.

 

Ерменија и Азербејџан во саботата постигнаа втор договор за прекин на огнот. Примирјето стапи на сила на полноќ по локално време но двете држаби продолжија да се обвинуваат за кршење на примирјето, што доведе до нови судири.

Инаку судирите интензивно избувнаа на 27 септември.