Хуманитарен концерт на пијанистот Маслеев со Филхармонијата – ММС
ММС

Објавено на: 10/22/20 7:30 AM

Хуманитарен концерт на пијанистот Маслеев со Филхармонијата

Оркестарот на Филхармонија вечер ќе одржи хуманитарен концерт насловен „PERASPERAADASTRА”. Средствата од овој концерт се наменети за лекување на Игор Пармаковски кој со години се бори со Кронова болест.

Како солист на концертот ќе настапи рускиот пијанист Дмитри Маслеев, еден од најзначајните млади солисти на светската музичка сцена во моментов, а диригент е Габриел Бебешелеа од Романија. Како солист ќе настапи и првиот трубач на оркестарот на Филхармонија -Драган Младеноски. На програмата се две исклучителни дела од рускиот композитор Дмитри Шостакович – Концертот за пијано труба и гудачки оркестар оп.35 и Камерната симфонија во це-мол, оп.110а.

Маестро Габриел Бебешелеа е шеф-диригент на Државниот филхармониски оркестар „Трансилванија” во Клуж-Напока, Романија. Неговата репутација брзо почнала да расте по воодушевувањата од страна на критиката и публиката за неговата исклучителна музикалност и ентузијазам со кој ги предводи оркестрите. Со Симфонискиот оркестар на Берлинското радио тој сними ЦД со сè уште необјавената опера на Жорж Енеску –„Духови”, како и со неговата „Пасторала – фантазија за мал оркестар”. На 30-годишна возраст, маестро Бебешелеа беше етикетиран како еден од најталентираните диригенти во последната декада во Романија. Во 2015 година, Бебешелеа работел со едни од двајцата најценетидиригенти во светот – Курт Мазур и Бернард Хаитинк. Во 2011 година, ќе му бидедоделена стипендија за да стажира со престижниот „Концертгебау оркестар” воАмстердам, каде што имал можност да работи со големи диригентски имиња, меѓу кои и со Марис Јансонс, Хаитинк, Херберт Бломштед, Кристоф фон Донани, Давид Зинман…

Дмитри Маслеев (1988) учи пијано на конзерваториумот „П. И. Чајковски” во Москва во класата на проф. Микхаил Петруков, како и на Интернационалната академија за пијано на езерото Комо во Италија. Како „суперсолист” беше најавено дебито на Дмитри Маслеев со оркестарот наНационалниот оркестар на Франција во 2020 година на кој го изведе Концертот за пијанои оркестар број 1 од П. И. Чајковски, дело кое му обезбеди интернационална кариераоткако стана лауреат на меѓународниот натпревар „Чајковски” во 2015 година. Овојисклучителен млад пијанист годината ја почна со деби во Златната сала на Музиверејн ина главната сцена на Берлинската филхармонија. Оттогаш, Германија и Франција сенегови главни дестинации, каде што соработува со врвните оркестри. Неговото деби воПариз беше во фондацијата „Луј Витон”, а рециталот го пренесуваше ТВ Медичи наилјадници луѓе во светот.

Драган Младеноски е роден во Скопје. Основно и средно музичко училиште завршил во Скопје во класата на професор Благој Ангеловски и професор Васо Ристов. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во 2005 година во класата на професор Васо Ристов, а моментно е и на магистерски студии на истиот факултет. Младеноски е активен учесник на бројни семинари, мастер класови во Ница, Софија, Белград, Нови Сад, Охрид, Скопје…Добитник е на повеќе републички награди и признанија, трета награда на Интернационалниот натпревар во Сан Ремо, Италија. Од 2002 година работи како прв трубач во Филхармонија на РСМ. Настапувал во земјата и во странство, како и на фестивалите „Скопско лето”, „Штипско лето”, како и на фестивали во Нови Сад, Белград, Софија и др.