Папата повика на заштита на хомосексуалците:„Тие се божји деца и имаат право на семејство“ – ММС
ММС

Објавено на: 10/21/20 3:49 PM

Папата повика на заштита на хомосексуалците:„Тие се божји деца и имаат право на семејство“

Во документарниот филм „Франциско“, папата Фрањо вели дека хомосексулаците треба да бидат заштитени со законите на грѓанските заедници. Додаде и оти хомосексуалците имаат право на семејство.

„Тие се божји деца и имаат право на семејство. Никој не треба да биде огорчен поради тоа“, наведува папата Фрањо, јавува „Ројтерс“, а пренесува „Блиц“.