Таткото на белгискиот премиер единствен казнет за неносење маска на велосипедска трка – ММС
ММС

Објавено на: 10/21/20 3:43 PM

Таткото на белгискиот премиер единствен казнет за неносење маска на велосипедска трка

Херман Де Кро, татко на актуелниот белгиски премиер Александар Де Кро, е единствената личност која на велосипедската трка низ Фландрија одржана во недела била казнета поради непочитување на здравствените мерки против коронавирусот, пренесуваат белгиските медиуми.

Де Кро бил фотографиран во без маска кога велосипедистите поминувале покрај неговиот дом.

– Згрешив и навистина требаше да носам маска. Не е важно дали сум бил дома или не, сите за време на трката беа должни да носат маска. Требаше тоа да го знам и ќе платам казна, рекол Де Кро за белгиските медиуми.

Задолжителното носење маски долж целата рута, според одлуката на гувернерката на источна Фландрија, била на сила еден час пред трката и уште еден час по завршувањето.

„Тоур оф Фландерс“ е еднодневна велосипедска трка која се одржува на пролет, но годинава била одложена поради пандемијата на коронавирусот.

Де Кро изјавил и дека синот му се јавил да го прекори за настанот, а казната која мора да ја плати изнесува 250 евра.

Во Белгија од понеделникот на еден месец се затворени баровите и рестораните, а ноќе има полициски час.