Брачниот пар Халит Ергенч и Бергузар Корел на јавноста попознати како Шехерезад и Онур од популарната серија „1001 ноќ“, веќе некое време поминуваат низ брачна криза. Наводно, нивниот единаесетгодишен брак е загрозен поради неверствата на славниот Сулејман.
Проблемите почнале откако Бергузар потполно им се посветила на децата, а посебно кога во март се роди нивниот втор син. Тие во многу работи не се согласуваат. Најлошо е тоа што Халит не сакал второ дете, бидејќи сметал дека е престар за тоа,а сопругата на тоа го наговарала речиси две години. Кога останала бремена со второто дете, тој бил пресреќен, но откако се породила и во целост се посветила на детето, тој се почувствувал запоставено.
Тие заедно решиле да се разделат на неколку месеци, а после тоа ќе одлучат дали засекогаш ќе се разделат-открил извор близок до популарниот пар.
Фото: Profimedia
Извор: kurir.rs