Отпадни води од индустриската депонија кај Јегуновце не се прочистуваат веќе еден месец – ММС
ММС

Објавено на: 10/20/20 2:47 PM

Отпадни води од индустриската депонија кај Јегуновце не се прочистуваат веќе еден месец

Отпадните води од Индустриската депонија лоцирана во атарот на село Јегуновце, речиси еден месец не се прочистуваат и директно завршуваат во реките. Филтер станицата за нивно прочистување моментално се реконструира поради дотраеноста.

Со Филтер станицата за прочистувањето на отпадните води менаџира  Југохром. Истата станица овој комбинат ја користи и за прочистување на водите од кругот на фабриката. Оттаму велат дека морале да преземат чекори за реконструкција на станицата, затоа што таа била стара и дотрена и не не ги прочистувала водите целосно, кои дел од нив се и канцерогени.

Од Еко Герила, велат дека за овој проблем апелирале подолго време, но не наишле на слух од надлежните. Според нив, потребна е и медијацијата на земјата која е контаминирана, затоа што Југохром не работел според еколошките стандарди.

Од раководството на фабриката, најавуваат дека филтер станицата за прочистување на отпадните води целосно ќе биде реконструирана за околу еден месец.

Зоран Димовски