Солидарноста во фокусот на Истражувачкиот филмски фестивал Скопје кој почнува денеска – ММС
ММС

Објавено на: 10/20/20 12:28 PM

Солидарноста во фокусот на Истражувачкиот филмски фестивал Скопје кој почнува денеска

Солидарност е темата на годинешното, четврто издание на Истражувачкиот филмски фестивал Скопје, кој почнува денеска. Фестивалот кој го организира Платформата за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА за првпат ќе се одржува целосно онлјн.

Фестивалската програма е бесплатна и отворена за сите заинтересирани гледачи, а фестивалот ќе трае до 25 октомври и ќе понуди богата филмска програма.

Во рамките на фестивалот ќе се емитуваат интересни документарци, меѓу кои и светската премиера на „Човекот кој премногу знаеше“, чиј автор е британскиот независен документарист Мајкл Освалд, а најавени се и ексклузивни гости од медиумската сфера.

Фестивалот го отвора дискусија за новинарството во време на пандемија, каде ќе може да се слушнат искуства и ставови на директорката на Европската федерација на новинари, Ренате Шродер, на основачката на Коалицијата за жени во новинарството, Киран Назиш…

Претставници од Центарот за комуникации од јавен интерес при Универзитетот во Флорида ќе зборуваат за научно изведени заклучоци што откриваат за што се грижат луѓето при изборот на информации, а ќе одржат и работилница каде заинтересираните новинари ќе ги усвојат клучните начела за создавање ефектни приказни.