ВМРО-ДПМНЕ Штип со пет предлози до граѓаните и членството за избор на кандидат за градоначалник – ММС
ММС

Објавено на: 10/19/20 5:43 PM

ВМРО-ДПМНЕ Штип со пет предлози до граѓаните и членството за избор на кандидат за градоначалник

Меѓу членството и граѓаните во Штип, ВМРО-ДПМНЕ прави анкети околу можниот кандидат за градоначалник за претстојните вонредни избори за градоначалник.

Илчо Захариев, Иван Јорданов, Љубе Здравков, Стојан Коцев и д-р Билјана Ефтимова се петте предлози за кои што треба да се изјасни членството и граѓаните.


Фармацевтот Илчо Захариев, беше градоначалник на Штип во периодот од 2013 до 2017, кандидат за градоначалник и за манда 2017-2021.

Иван Јорданов е пратеник во Републичкото Собрание, претходно советник во штипскиот Совет.

Љубе Здравков е актуелен советник во штипскиот Совет. Работи во ФПИОМ Филијала Штип од 2001 год.

Стојан Коцев е пензионер и поранешен директор на Телеком-Штип

Д-р Билјана Ефтимова работи во Служба за анестезија, реанимација и интензивно лекување, Клиничка Болница – Штип . Актуелен советник во штипскиот Совет.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека предлозите веќе циркулираат во анкети кои што се прават меѓу жителите на општина Штип. Согласно резултатот на анкетите како и мотивацијата и визијата на секој еден од кандидатите, ќе се донесе одлука.

Конечната одлука сепак ја носат ИК и ЦК како највисоки тела на партијата.

Изборите за градоначалник на општина Штип, ќе се одржат на 13 декември.