Совршени палачинки за почетници – ММС
ММС

Објавено на: 10/19/20 2:32 PM

Совршени палачинки за почетници

Младите готвачи најмногу се плаши страв од неуспех, но со овој рецепт, дури и целосните почетници ќе бидат на сигурно.

Потребно е: 3 јајца, 300 гр брашно,  500 мл млеко или вода, 2 лажици масло, на врвот на лажичка сол, шеќер.

Подготовка:

  1. Истурете го брашното во сад, потоа додадете ги јајцата и добро промешајте. Додадете млеко или вода. Потоа додадете две лажици шеќер, и добро мешајте, така што смесата да биде без грутки. Тестото не треба да биде премногу густо, доколку е потребно додадете малку кисела вода.
  2. Истурете го тестото со лажица во тавата, во која претходно сте загреале неколку капки масло. Свртете го садот малку, така што смесата да се распредели рамномерно. Внимавајте да не истурате премногу, направите ги палачинките што е можно потенки.
  3. Кога палачинката ќе почне да се одделува од тавата, време е да ја превртите. Печете ја уште половина минута, а потоа извадете ја.
  4. Останува уште да ги пополните како што сакате – дали ќе бидат слатки или солени, одлучете сами. Дали со крем, џем, ореви или со шеќер.                                                                                        Извор: srbijadanas.com