Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски не прецизираше кога ќе биде распишан новиот оглас за распределба на становите од социјалната зграда во Струмица која беше изградена пред цела години а во неа се вселија само корисници од Заводот за заштита и рехабилитација Бања Банско.
Становите се наменети за социјални случаи и двапати се распишуваа огласи за нивна распределба, но заради немање доволен број или некомплетна документација становите сеуште не се распределени. Бочварски само најави дека ќе има нов оглас.
Зградата во Струмица што ја изгради АД за стопанисување со стамбен и деловен простор има вкупна површина од 1.800 метри квадратни со 41 станови и ги исполнува сите енергетски стандарди.
Четири од становите веќе се поделени преку министерството за труд и социјална политика за лицата кои беа сместени од Заводот Бања Банско. Останатите социјални станови сеуште чекаат станари со ниски примања и ранливи категории на граѓани