Шампионот Лејкерс опција за Дерик Роуз – ММС
ММС

Објавено на: 10/19/20 12:58 PM

Шампионот Лејкерс опција за Дерик Роуз

Актуелните НБА шампиони, Лос Анџелес Лејкерс, се очекува да останат без неколку важни играчи за следната сезона, откако Калдвел-Поуп и Рондо ќе станат слободни агенти и најверојатно ќе ја променат средината, а нивниот пример ќе го следат Ејвори Бредли и Џавал МекГи.

Рондо во плејоф серијата претставуваше вистинско оружје за тренерот Франк Вогел, па затоа најдекорираната НБА франшиза ќе се обиде неговата креација и кошаркарска визија да ја замени со друг кошаркар, пред десеттина години еден од најдобрите во лигата.

Лејкерси сериозно се заинтересирани за Дерик Роуз и во намерата да го доведат во своите редови, подготвени се да „жртвуваат“ млади играчи и можеби пик на драфтот, со оглед на тоа дека Детроит Пистонс во моментов се во фаза на трансформација и нивните барања за Роуз ќе се движат во таа насока.

Шпекулациите гласеа „Кузма во еден, Роуз во друг правец“, но инстантно беа демантирани од блиски луѓе на клубот од Калифорнија. Доколку Лејкерси не се договорат со Пистонси, ќе тргнат по поранешниот играч на Хјустон и Њу Орлеанс, Крис Пол.