Петнаесетминутен прекин на сообраќајот на патот Кичево-Охрид, кај Врбајни – ММС
ММС

Објавено на: 10/19/20 7:05 AM

Петнаесетминутен прекин на сообраќајот на патот Кичево-Охрид, кај Врбајни

На патниот правец Кичево – Охрид, кај село Врбјани по планинскиот превој Пресека, денеска поради минирање во период меѓу 12 и 15 часот сообраќајот ќе биде во прекин 10 до 15 минути.

Како што соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.