Приведен кардец, кој под закана му одзел парите на малолетно лице во Скопје. Случајот во Полиција го пријавил таткото на ограбениот малолетник.
„На 17.10.2020 полициски службеници од Полициска станица Карпош го лишиле од слобода С.Р.(23) од Скопје, постапувајќи по пријава на П.В. дека во близина на крстосницата на бул.„Партизански одреди“ со „Московска“ едно лице со закана од неговиот малолетен син одзело пари од неговата чанта“, информираат од Полицијата.
С.Р. е приведен во Полициска станица Карпош за понатамошна постапка и кај него се пронајдени одземените парични средства. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.