Свештеник го прегазил и избегал, а додека лежел во несвест го ограбил вработен во брза помош – ММС
ММС

Објавено на: 10/17/20 7:24 AM

Свештеник го прегазил и избегал, а додека лежел во несвест го ограбил вработен во брза помош

Каде оди овој свет? На 19 септември годинава 57-годишен Хрват бил прегазен од свештеник, кој  избегал, а потоа, додека несреќникот бил во несвест, го ограбил вработен во итната медицинска помош чие возило дошло да му помогне на 57-годишникот.

Како што дознава „Јутарњи лист“, локлниот свештеник Стјепан Вуковац со возило удрил во човекот, па избегал од местото на несреќата, а за повредениот не ги информирал брзата помош и полицијата. Свештеникот подоцна се правдал дека се посомневал оти како во нешто да удрил, застанал стотина метри подалеку од местото, погледнал назад, но не видел ништо.

Несреќниот 57-годишен пешак останал да лежи во несвест во канал покрај патот. Набрзо потоа, го заблележал 54-годишен возач, кој од автомобилот го видел повредениот и веднаш повикал полиција и брза помош.

Повредениот потоа е однесен во болницата во Винковци, каде со тешки повреди е задржан на лекување. Кога се освестил, забележал и оти му го нема паричникот со пари и лични документи.

Полицијата отворила истрага, а осомничен е 35-годишник од Јармина, кој според неофицијални информации, работел во брзата помош, која излегла тој ден на интервенција. Пријава од полицијата деновиве „заработил“ и свештеникот.