Хрватската амбасадорка во земјава, Нивес Тигањ беше во посета на Мултимедијалниот центар Канал 77 во Штип. Во Радио Канал 77 даде и кратко интервју.
Во интервјуто зборува за нејзините согледувања за состојбите во земјата, за последниот извештај за напредокот на Р.Северна Македонија, за хрватската заедница во земјава, за македонската култура ,традиција и храна.
Поради состојбата со пандемијата, вели дека не била во можност многу да патува низ Македонија, да ја почуствува одблиску културата, традицијата , но сепак од тоа што успеала да го види и почуствува смета дека имаме прекрасна природа , потенцијал за здрав живот, добри ресторани, дека сме весел народ. Вели дека веќе подготвувала тавче-гравче и е во дилема зошто не може да го долови прекрасниот вкус на салатите , како во македонските ресторани.