Полицијата вчера извршила криминалистичка обработка врз М.С. од Бања Лука, кој се сомничи за неовластено фотографирање, пренесува сараевско „Ослобоѓење“.
Претходно во бањалучката полиција било пријавено дека во просториите на женски тоалет во стокова куќа во Бања Лука маж скришум фотографира жени што влегуваат во толаетот. Веднаш по пријавата, полицајците презеле оперативни мерки и го идентификувале осомниениот.
„За се’ е известен дежурниот обвинител, кој се изјасни дека се работи за кривичното дело неовластено фотографирање“, информираат од полициската управа во Бања Лука.