Синот и ќерката дошле по мајка си во болница: Не се сетила на едниот од нив, мислела дека е 1998 година – ММС
ММС

Објавено на: 10/15/20 9:13 PM

Синот и ќерката дошле по мајка си во болница: Не се сетила на едниот од нив, мислела дека е 1998 година

Кога се разбудила Стиви Картер се нашла во едно необично опкружување, па била сигурна дека е киднапирана и дека ја држат како заложник. Откако колабирала дома една вечер во февруари 2018-та година, Стиви итно била хоспитализирана, а докторите на семејството му кажале дека шансите да преживее се само 2 процента.

Жената која тогаш имала триесет и пет години, впрочем доживела мозочен удар поради кој се избришале последните дваесет години од нејзиниот живот, а кога се разбудила била сигурна дека е 1998 година. Лекарите откриле дека таа е родена со артериовенозна малформација, што значи дека артеријата и вената не се поврзани правилно. Со текот на времето таа почнала да слабее, а потоа доживеала крварење во мозокот, по што следувал и мозочниот удар. Стиви воопшто не претпоставила дека има ретка состојба со која се соочува само еден процент од популацијата. Таа никогаш немала скенирање и првиот знак дека нешто не е во ред, бил ударот. Среќа во несреќа било тоа што во тој момент нејзиниот сопруг бил до неа за да и помогне.  Кога таа вечер влегла во автомобилот со својот тогаш партнер, Стиви почувствувала силна болка во главата, каква што никогаш претходно немала дживеано.

„Почнав да вриштам бидејќи беше многу болно и мојот партнер не разбираше што се случува, објаснила таа за медиумите.

„Се вративме дома и ми рече да останам во автомобилот, но се обидов да излезам и само се срушив на земја. Тоа е последното нешто на што се сеќавам“, раскажала таа. Нејзиниот тогашен партнер се јавил на Итната медицинска помош па набргу била префрлена во болница, каде направената снимка покажала оштетување на мозокот, по што итно била оперирана.

И покрај успешната операција, лекарите ја ставиле во кома, а на крај кога се разбудила, тие сфатиле дека мозочниот удар имал големо влијание врз неа, како од физички, така и од психички аспект.

„Мислев дека е 1998 година, дека сум киднапирана и дека ме држат како заложник. Не знаев што се случува. Мислев дека халуцинирам и бев сигурна дека со мене експериментираат. Ја препознав својата ќерка, но и синот. Му велев дека не е мој син и дека не го познавам“, истакнала Стиви за metro.co.uk.

„Беше застрашувачко и не можев да разберам што се случува. Бев многу тежок пациент. Ми даваа пасирана храна бидејќи не можев да голтам правилно. Бев таква неколку недели и полека работите тргаа кон подобро, но моето памтење беше под друо влијание. Повторно и повторно ги поставував истите прашања. Моето семејство беше многу трпеливо и сите ми ги даваа потребните одговори, па мислам и дека работите полека почнаа да се поправаат“, објаснила Стиви.

Таа поминала три месеци на физиотерапија за да научи како повторно да оди, зборува и чита, а и децата многу и’ недостасувале:

„Требаше да одам во центар за рехабилитација, но децата толку многу ми недостасуваа. Имам фантастичен тим кој ми помогна да се вратам дома и се согласи секојдневно да одам на терапија. Тоа многу ми значеше“.

И покрај тоа што поминале две години, Стиви и понатаму има последици од мозочниот удар. Таа не можела да се врати на работа. Се уште е многу слава, но не се предава. Се бори со памтењето и со уморот. Инаку, оваа храбра жена и покрај своите предизвици успеала да собере пари за добротворни организаци па дури и учествуала во кампањата „Надеж по мозочен удар“, која ја нагласува важноста на надежта во процесот на опоравување.

Истражувањата покажуваат дека на четири од пет лица со преживеан мозочен удар, кажано им е дека нивното опоравување ќе биде ограничено на првата година.

informer.rs