Најстариот фудбалер на светот живее близу Зрењанин: Ги молзе козите, па облекува копачки на 67 години – ММС
ММС

Објавено на: 10/15/20 5:45 PM

Најстариот фудбалер на светот живее близу Зрењанин: Ги молзе козите, па облекува копачки на 67 години

Неговата приказна ќе ве натера да ја искористите членарината за теретана која ја имате уплатено.

Неверојатната приказна за Драгиша Косниќ допре до многубројни светски медиуми – затоа што тоа е човек кој има 67 години и игра фудбал.

Иако е близу до влегување во осмата деценија од животот, Косниќ е регистриран за клубот од местото во кое живее, а приказната за Драгиша ја направија новинарите од „AFP“, па сега Косниќ на стари денови ќе стане светска сензација.

Секоја година Драгиша Косниќ ги поминува лекарските тестови со цел да се утврди неговата физичка подготвеност. Тој со сигурност е најстариот човек кој активно игра фудбал настапувајќи за Пролетер од Meѓа, во околината на Зрењанин. Пролетер се натпреварува во шестата српска лига.

Во фудбалот е повеќе од 50 години, некои негови соиграчи се буквално толку години и помлади од него, но желбата за фудбал е посилна од годините.

-Колку што јас знам, нема регистрирани играчи на мои години. Би сакал да има, да играм против нив. Не ги рачунам оние кои се аматери и имаат 70 или 80 години, вели Драгиша.

Роден е во 1954 година, а во текот на богатата кариера играл за различни клубови од Зрењанин. Имал понуда и од други поголеми екипи, но не сакал да замине далеку. Сега живее од пензија од 130 евра, како и од додатен приход оставен од чување кози и овци. Тие му даваат месо и млеко и таквата исхрана му овозможува здрав живот и шанса за активно спортување.

-Никогаш не го исфрлив млекото од исхраната. Го пијам редовно, по еден литар дневно. Јадам леб, мед, многу овошје. Кога има месо, јадам, кога нема, го јадам ова што го наброи претходно, истакнува најстариот фудбалер во светот.

Своевремено Драгиша имал понуда од Хајдук Сплит, но потоа ја крши ногата и трансферот паѓа во вода. Многумина му предвидувале крај на кариерата на 25 години, но тој 42 години подоцна трча по фудбалската топка. За волја на вистина, сега малку побавно.

-Повеќе се потпирам на читање на играта, знам кога треба да почнам побрзо да трчам. Два дена по мечот имам вкочанетост и тешко се движам, ама со топли купки се подготвувам за следниот двобој. После два дена, можам повторно да играм, заклучува Косниќ.

Оваа година неговиот тим прославува 100 години од своето постоење, а Драгиша има желба пред пензионирањето со тимот од своето село да се пласира во повисок ранг.

 

 

Извор:

mondo.rs

Фото + видео:

AFP.com