Центарот за аутизам во штипската населба Пребег е затворен откако е потврден позитиев тест кај медицинската сестра, вработена во овој центар, потврди за МИА директорката на Центарот за социјални работи-Штип, Златка Иванова.
-Минатата недела вработената добила симптоми, по што веднаш е тестирана, а од превентивни причини во изолација се ставени трите деца, кои го посетуваа Центарот за аутизам, вели Иванова.
Таа додаде дека и во Центарот за интелектуална и телесна попреченост во Штипско Ново Село потврден е позитивен случај кај корисник, минатата недела позитивен беше резултатот на медицинското лице, кое е вработено и во овој центар. Здравствената состојба на остантите корисници и вработени се следи и се во изолација.
МИА