Еден од најталентираните млади кошаркарки во Европа, играчот на Макаби Тел Авив, Дени Авдија, ќе биде најбараниот играч на претстојниот НБА драфт.
Поради пандемијата на коронавирусот и одложувањето на завршницата за сезоната 2019/20 во НБА, овогодинешниот НБА драфт ќе се одржи на 18 ноември и можеби ќе го промовира Авдија како нов кошаркар на поранешниот шампион Голден Стејт Вориорс.
Франшизата го има правото на вториот пик, а со тоа и многу опции за селекција, но деветнаесетгодишниот Израелец со српско потекло се чини дека ќе биде посакувана опција за Стив Кер.
Офанзивната машинерија на Голден Стејт предводена од Стеф Кари и Клеј Томпсон, со сигурност би одговарала на карактеристиките на Дени Авдија и според некои израелски меидуми тој исто така се надева на потпис со Вориорси и продолжување на кариерата во најквалитетното светско клупско кошаркарско натпреварување.