Заев: ВМРО-ДПМНЕ си прават „излет на мозокот“, три до шест пратеници ќе се приклучат кон мнозинството на СДСМ – ММС
ММС

Објавено на: 10/15/20 2:02 PM

Заев: ВМРО-ДПМНЕ си прават „излет на мозокот“, три до шест пратеници ќе се приклучат кон мнозинството на СДСМ

Непосочувајќи конкренти имиња на пратеници, премиерот Заев денеска рече дека мнозинството на СДСМ и ДУИ ќе се прошири за три до шест пратеници, кои би преминале од опозицискиот табор.

Заев вели дека ВМРО-ДПМНЕ „си прават излет на мозокот“ бидејќи немаат со кого да формираат мнозинство.

– Со која албанска партија ќе коалицираат? За да придобиете два, пет, десет пратеници ви треба албанска партија. На која политичка основа? На укинување на трите договори, создавање на чиста Македонија? Додека не ја променат менталната матрица во своето политичко делување ќе останат долго време во опозицијата, рече Заев.

Смета дека дезинформациите кои се појавија дека пратеници од мнозинството ќе отишле во опозиција се со цел да се одврати вниманието од дебатата за промена на раководството во ВМРО-ДПМНЕ.