Утрово се извршени претреси во домовите на неколку највисоки француски државни претставници во рамки на истрагата за сузбивање на кризата предизвикана од коронавирусот, пренесува агенцијата Анадолија (AA).
Како што наведуваат локалните медиуми, претреси се извршени во резиденциите и канцелариите на министерот за здравство, Оливие Веран, генералниот директор на Заводот за здравство, Џером Саломон и во резиденциите на поранешната министерка за здравство, Агнес Бузин, поранешната владина портпаролка Сибет Ндијае и на поранешниот премиер Едуард Филип.
Претресите се спроведени како дел од судската истрага за надзор на кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19, отворена на 3 јули во Судот на правдата.
Обвиненијата се однесуваат на воздржување од борбата против катастрофата во согласност со законот, а со истрагата ќе се утврди дали министрите извршиле кривични дела во справувањето со здравствената криза.
Судот на правдата прими вкупно 90 жалби за работата на министрите, од кои 9 биле доволни за да се започне истрага.
Судот на правдата е единствениот суд во Франција кој е надлежен да донесува пресуди за дела сторени од службени лица во текот на извршувањето на нивните службени должности.