Шерон Стоун позирала за „Плејбој“ само за да ја добие легендарната улога во „Ниски страсти“ – ММС
ММС

Објавено на: 10/15/20 12:41 PM

Шерон Стоун позирала за „Плејбој“ само за да ја добие легендарната улога во „Ниски страсти“

Шерон Стоун позирала за „Плејбој“ во 1990 за да ја добије улогата на Кетрин Трамел во легендарниот „Ниски страсти“.

Во тој период таа вели и било тешко и чувствувала дека мора да направи нешто „големо“ за да го привлече вниманието на продуцентите.

– Решеив дека ќе се сликам за „Плејбој“ затоа што сакав да добијам улога во филмот, рече Шерон Стон во шоуто на Дру Баримор, додавајќи дека смета оти тоа било вистинска улога за неа и знаела како да дојде до неа.

Сепак вели дека не знаела дека „Плејбој“ и улогата во филмот речиси преку ноќ ќе ја направат секс симбол.