„Човик полудија“: Далматинец што продава „опел корса“ го насмеа регионот – ММС
ММС

Објавено на: 10/15/20 11:30 AM

„Човик полудија“: Далматинец што продава „опел корса“ го насмеа регионот

На страницата „Дневна доза на просечниот Далматинец“ споделен е статус на очаен Далматинец, кој го насмеа целиот регион, зашто веќе се презема од балкански медиуми.

Далматинецот продава „опел корса“ за 1.300 евра и се жали оти луѓето по објавениот оглас му поставувале стотици глупави прашања. Во статусот истакнува дека мора да одговара на 700 пораки и повици „на секоја будала“, како да продава „ферари“.

Во објавата се жали дека веќе го болат прстите од пишување, а продава автомобил што чини „како малку подобар велосипед“.  Сопственикот на автомобилот вели дека не одговара повеќе на пораките зашто „корсата“ била регистрирана и „не треба да менуваш ништо, има мотор, волан ,врата, па дури и седишта, а гумите се гумени“, пишува нервозниот и духовит Далматинец.