Додека во Скопје македонските и бугарските историчари ќе „решаваат“ за некои историски прашања меѓу двете земји, пратениците од бугарската Комисија за образование и наука денес ќе одражат јавна расправа за предлогот за преименување на 24 мај од Ден на словенската писменост во Ден на бугарската писменост.
Амандманот во Законот за работни односи е поднесен од група пратеници и веќе беше одобрен на првото гласање. Во дискусијата ќе учествуваат бугарските министри за образование и наука, како и за култура, претставници на академската јавност, на културни институции, невладини организации и на Бугарската академија на науки.
По предлог на „Обединети патриоти“ и со поддршка на Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), на чие чело е премиерот Бојко Борисов, во почетокот на месецот предлогот беше усвоен на прво читање во Парламентот. Со предлогот, празникот се именува како „Ден на бугарската писменост, образование и култура“, а отпаѓа придавката словенска.