Онлајн-средба по повод Меѓународниот ден на руралната жена – ММС
ММС

Објавено на: 10/15/20 7:22 AM

Онлајн-средба по повод Меѓународниот ден на руралната жена

Националната федерација на фармери и Мрежата за рурален развој денеска, по повод Меѓународниот ден на жената од руралната средина – 15-ти октомври, организираат онлајн средба преку алатката „зум”.

На средбата ќе се одржи јавна дискусија „Руралната жена и корона кризата” и ќе се промовираат кратки видеа за животот на жените од руралните средини и нивното економското јакнење.

Како што е најавено, на настанот чија цел е обединување и подигнување на свеста на руралните жени за нивната важна улога во локалните заедници и општеството, ќе учествуваат претставници од институции, организации и рурални жени од сите делови на земјава.

Меѓународниот ден на руралната жена се одбележува веќе 13 години, со поддршка на Шведската организација за развој We Effect.

МИА