Зошто државата не се грижи за музејот на Есма и Стево оставен во аманет? Почитувачи на нивното дело ќе бараат одговор од Заев – ММС
ММС

Објавено на: 10/14/20 9:50 PM

Зошто државата не се грижи за музејот на Есма и Стево оставен во аманет? Почитувачи на нивното дело ќе бараат одговор од Заев

Здружението на „Есма и Стево Теодосиевски“ разочарано од односто на државата кон музејот, кој овие две легенди го оставија на државата, ќе постават штанд во центарот на Скопје, каде ќе собираат потписи за поддршка. Причина за ова е и што покрај скоро четири години од смртта на кралицата на ромската песна Есма музејот е претворен во хорор филм, а и покрај тоа што по тестамент е оставен на државата, се уште се води судски спор и не се почитува желбата на музичките амбасадори.

https://www.facebook.com/simeon.atanasov.927/posts/10224305214557480

Оваа одлука пред неколку часа ја донесо членови на Здружението, како и членови на ансамблот Теодосиевски а ја објави Симеон Атанасовски, последниот син на Есма и Стево.

Тие бараат состанок со премиерот Заев за да искажат незадоволство, а воедно и одговорност зошто државата веќе четири години не се грижи за музејот.

Македонски медиа сервис пред неколку месеци ја објави тажната слика од она што требаше да биде музеј, а сега е претворен во руеина, каде се вршело нужда, испокрадено е се, со чешма и тоалетната школка, а ги нема и фустаните, кои  есма ги носеше во текот на кариерата пред важни светски лидери, а со кои неколку пати преку модни ревии собирала хуманитарна помош.