Усвоена одлуката за бројот на потпретседатели на Собранието – ММС
ММС

Објавено на: 10/14/20 4:35 PM

Усвоена одлуката за бројот на потпретседатели на Собранието

Пратениците денеска со 60 гласа „за“ и 22 гласа „против“ ја усвоија Одлуката за утврдување на бројот на потпретседатели во законодавниот дом.

На денешното продолжение на втората собраниска седница беше усвоена која се однесува само на бројот на потпретседатели, но не се расправаше за персоналните решенија. Изборот на потпретседатели на Собранието ќе се врши на друга собраниска седница.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, предлага пет потпретседатели. Во образложението на предлогот, повикувајќи се на Деловникот и на Законот за Собрание, се наведува дека „бројот на потпретседатели го утврдува Собранието по предлог на претседателот. Потпретседателите се избираат од редот на пратениците кои припаѓаат на различни политички партии застапени во Собранието“.