Социјално загрозени семејства, занаетчии и сопственици на мали претпријатија во Гостивар ќе добијат финансиска и материјална помош преку проект што го спроведува Care International со финансиска поддршка од германското министерство за надворешни работи.
Петнаесет бизниси ќе бидат поддржани со ваучери, повеќе семејства ќе добијат пакети со лекарства, прехранбени и хигиенски продукти.
Претставниците на проектот беа на средба во локалната самоуправа и ги преставија плановите за реазлиација.
Љуарза Мухади, координатор на овој проект, рече дека освен во Гостивар, слична помош ќе биде доделена и во Кичево и Дебар и напомена дека со овој проект треба да се олесни тешката економска состојба која дојде како резултат на пандемијата. Проектот ќе трае до крајот на годината и има вредност од 40 илјади евра.
Мухамед Точи од хуманитарното здружение „Месечина” од Гостивар посочи дека проектот има четири групи, односно пакети. Со нив ќе бидат опфатени семејства и 15 локални бизниси за ќе се утврди дека се загрозени и имаат неопходна потреба од помош.
– Акцентот е ставен на ромското население, но со него ќе бидат опфатени и други маргинализирани групи. Помошта е поделена на четири групи, односно пакети. Во првиот пакет што состои од хигиенски продукти со вредност од 20 евра и ќе бидат опфатени 250 семејства во Гостивар, Кичево и Дебар. Вториот пакет се состои од прехранбени производи, со кои ќе им се помогне на 45 семејства. Третиот пакет ќе содржи лекови и со него ќе бидат опфатени 40 семејства. Четвртиот се однесува на 15 мали локални компании на кои ќе им се доделат по ваучери 500 евра. Зависно од состојбата во која се наоѓа едно семејство, тоа може да добие и два пакети, рече Точи.
За спроведување на активностите од овој проектот: Борба против ширењето и ублажување на негативните последици од Ковид-19 кај маргинализираните заедници на западен Балкан” ќе бидат ангажирани педесетина волонтери.
Зоран Маџоски