СВР Штип вчера регистрира две измами за огревно дрво.
На 13.10.2020 во 10.30 часот во СВР Штип, Д.Г.(24) од Штип пријавил дека на 08.10.2020 преку социјалната мрежа „Фејсбук“ стапил во контакт со лице кое нудело на продажба огревни дрва, се договориле за купопродажба на четири кубни метри огревно дрво по 3000 денари, при што Д.Г. уплатил на сметка 6.000 денари, но откако не му биле доставени сфатил дека бил измамен.
Вчера исто така во Штип, во 18.00 часот, Ш.Т.(71) од Штип пријавил дека околу 15.30 часот бил измамен од едно лице кое му понудило огревни дрва за сума од 13.000 денари. Според пријавеното, лицето му кажало да отидат заедно да ги видат дрвата во една штипска населба и да почека, а тоа се вратило во неговиот дом и од неговата сопруга, под изговор дека ќе ги донесе дрвата, ги зело парите и заминало.
СВР Штип вели дека се работи на расчистување на случајот.