Фејсбук објави дека ќе забрани реклами што се насочени против вакцините и ги обесхрабруваат луѓето да се вакцинираат.
– Ако рекламата има за цел да ги одврати потрошувачите од вакцината, ние ќе ја одбиеме, наведоа главниот здравствен директор на компанијата Канг-Син Џин и директор за управување со производи Роб Корен.
Новите правила се дел од низата измени во политиките што ги прави Фејсбук периодов, обидувајќи се да се ослободи од проблематичните содржини. Претходно се забранија дезинформациите и лажните вести за вакцините.