САД обвинува дека, за плати од 2.000 долари, Турција распоредувала сириски платеници во Нагорно Карабах – ММС
ММС

Објавено на: 10/14/20 10:19 AM

САД обвинува дека, за плати од 2.000 долари, Турција распоредувала сириски платеници во Нагорно Карабах

Повеќе стотици сириски платеници ангажирани од Турција се распоредени во зоната на конфликти во Нагорно-Карабах, тврди весникот „Волстрит журнал“.

Во текстот на „Волстрит журнал“ се наведува дека платениците, за плата од 2.000 американски долари, од сириските вооружени фракции блиски до Турција се вклучиле во борбите меѓу Азербејџан и Ерменија и оти стотици други се подготвувале да заминат во Нагорно-Карабах.

Според информации од извор поврзан со сириските вооружени фракции поддржани од Анкара, досега биле убиени околу 200 сириски борци, па сега многумина се обидуваат да се вратат во Сирија, пренесува ТАСС.

Цитирајќи информации од Министерството за одбрана на САД, „Волстрит журнал“ тврди дека Турција веќе испратила речиси 5.000 платеници од Сирија и во Либија.

Турција гиотфрлува обвинувањата дека испраќа платеници во Нагорно-Карабах.