Граѓанскиот суд Скопје денеска ја отфрли тужбата која обвинителката Вилма Русковска ја поднесе против ВМРО-ДПМНЕ, за користење на нејзиното име и лик во предизборната кампања за парламентарните избори во јуни.
Адвокатот на Русковска, Панче Ефтимов по пресудата изјави дека ќе го чекаат образложението на судот а потоа ќе се жалат, иако се убедени дека условите за одговорност од клевета се исполнети.
– Доколку се служиме со јазикот на ВМРО-ДПМНЕ за јавна критика и сарказам, произлегува дека сваровски судијата избран од тефтерчето сепак не може да пресуди против тие кои го избрале и го држат за уши, рече Ефтимов.
Русковска бараше отштета од 10.000 евра, кои доколку ги добие рече дека ќе ги донира во СОС Детското село.