Владата на својата денешна седница го именуваше новинарот и уредник Душко Арсовски за нејзин портпарол. Покрај него активен портпарол останува и Мухамед Хоџа.
Арсовски е новинар со дводецениско работно искуство, на јавноста и е познат од Македонската радио телевизија, каде од 2012 работи како уредник на надворешна политика, а бил и заменик главен уредник на информативна програма.
Роден е во 1977 во Куманово.