Три лица приведени поради бесправно сечење дрва – ММС
ММС

Објавено на: 10/13/20 11:22 AM

Три лица приведени поради бесправно сечење дрва

Двајца жители на Седларево и еден на Горна Лешница се приведени од полицијата вчера во два одвоени случаи како осомничени за бесправно сечење дрва, информира тетовската полиција. Прво околу 14:20 часот во атарот на нивното село Седларево биле откриени двајцата мештани.

-Полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода И.И.(25) и С.И.(32) во месноста „Крушица” поради сомнение дека бесправно сечеле дрва. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Неколку часа подоцна околу 18 часот, на регионалниот пат Тетово-Јажинце, на влезот во селото Одри е приведен и 69 – годишник од Долна Лешница.

– Полицајци запреле товарно моторно возило „Фап” со тетовски регистарски ознаки, натоварено со огревни дрва, а што го управувал 69-годишниот А.А. од тетовска Долна Лешница. Возилото е исклучено од сообраќај поради тоа што А.А. не поседувал лиценца за превезување огревни дрва и го управувал без соодветна категорија на возачка дозвола, информира Јосифоски.

 

МИА