Русија прогласи двајца бугарски дипломати за персона нон грата – ММС
ММС

Објавено на: 10/12/20 3:55 PM

Русија прогласи двајца бугарски дипломати за персона нон грата

Руското министерство за надворешни работи соопшти дека прогласило двајца бугарски дипломати за персона нон грата, опишувајќи го потегот како одговор на протерувањето на двајца руски дипломати од Бугарија за шпионажа, пренесува „Спутник“.

Министерството тогашното протерување на дипломатите од Бугарија го нарече неосновано.

Бугарија која вообичаено има добра врска со Русија, протера три други руски дипломати минатиот октомври за наводни шпионажи. Исто така одби да му даде виза на руското аташе кое требаше да дојде во декември.