Километарски колони на Блаце по укинувањето на ПЦР тестовите – ММС
ММС

Објавено на: 10/12/20 2:29 PM

Километарски колони на Блаце по укинувањето на ПЦР тестовите

Иако владата апелираше да не се патува без неодложна потреба, километарски колони возила можат да се забележат денеска на граничниот премин Блаце кон Косово, откако владите на двете земји ги укинаа задолжителните ПЦР тестови.

Од денеска граѓаните на Косово и Македонија можат слободно да се движат преку граница, без тест за коронавирус.

Иако првично Владата најави дека укинувањето на ПЦР тестовите ќе биде регионално и за Србија, Црна Гора и БиХ, без ПЦР тест може да се патува само во Косово и Албанија. Македонските граѓани за влез во овие земји сепак ќе мораат да имаат негативен ПЦР тест не постар од 48 часа.