Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај (IATA) тврди дека за време на пандемија регистрирани се само 44 случаи на зараза со ковид 19 во авион, од 1,2 милјарди патници. Што би значело дека преносот на вирусот за време на лет е еднаков на еден случај на секои 27 милиони патници – или веројатноста да се заразите е 0,0000036%.
– Ризик еден патник да добие ковид-19 додеќа се наоѓа во авион е премногу низок, вели медицинскиот советник на асоцијацијата, д-р Дејвид Пауел.
Асоцијација призна дека сепак не постои прецизен начин да се утврди точниот број на преноси во авионот, но велат дека постојано биле во контакт со авио-компаниите и со здравствените власти. По темелни извештаи дошле до заклучок дека ништо не сугерира дека вирусот е широко распостранет во авионите, пишува „Travelmagazine“.
– Разбираме дека ова е можеби потценување, но дури и 90% од случаите да не се пријавени, тоа би било еден случај на секои 2,7 милиони патници. Сметаме дека овие бројки се исклучително охрабрувачки, рекол д-р Пауел.
Охрабрувачки е и тоа што овие податоци се појавија пред задолжителното носење на маски за време на летот и во аеродромите. Нов увид за тоа зошто броевите се толку ниски се појави по истражување кое го спровеле Аирбус, Боинг и Ембраер.
Сите три произведувачи на авиони тврдеа дека системите на воздушен проток го контролираат движењето на честичките во кабините, а со се ограничува и движењето на вирусот.
– Кога маските станаа задолжителни во сред пандемија, значеа само дополнителен слој заштита, со што седењето во авион стана далеку посигурно од многу други затворени средини, велат од асоцијацијата.