Руколата и здравите придовки од неа – ММС
ММС

Објавено на: 10/11/20 7:00 PM

Руколата и здравите придовки од неа

Руколата е темно зелен лиснат зеленчук со специфичен вкус и арома, најчесто се користи во сaлати, супи и медитерански јадења, но својата популарност ја стекна поради бројните здравствени придобивки што ги носи кога ќе стане дел од вашата исхрана.

Оваа вкусна зелена храна е богата со растителни влакна, фитохемикалии и содржи малку шеќер, калории, јаглехидрати и масти.

Богаао е со витамини Ц, К и А, како и фолати, витамин Б група, и содржи калциум и калиум. Затоа руколата е една од најздравите намирници во исхраната на луѓето.

Консумирајќи рукола, му обезбедуват на вашето тело доволна доза на хранливи материи кои го стимулираат нормалното функционирање на виталните органи во вашето тело. Само една порција рукола обезбедува скоро половина од дневните потреби за витамин А и го зголемува внесувањето на витамин Ц, железо и калциум. Содржи многу растителни влакна, затоа ја поттикнува добрата работа на органите за варење и се препорачува за време на диетата за слабеење. Истражувањата покажуваат дека консумирањето рукола секој ден го намалува ризикот од воспаление во организмот, појавата и растот на тумори, ја регулира гликозата во крвта, го одржува здравјето на кардиоваскуларниот систем и го намалува ризикот од развој на одредени видови на рак. Оброк од салата според рецептот на актерката Гвинет Палтроу: неверојатно здрав, диетален и хранлив ручек

(РЕЦЕПТ) Како да користите рукола во исхраната: Руколата е највкусна свежа, затоа често се користи како салата со маслиново масло, бибер и сол или оброк од салата со домати и пилешко на скара. Може да го користите во разни смути или како замена за босилек доколку сакате да подготвите сос од песто. Кога се готви, руколата губи некои од своите многу вредни хранливи материи и има добар вкус, па затоа се препорачува да ја консумирате свежа.

Преземено од: https://www.lovesensa.rs/