Падна првиот снег: Вистинска зимска снежна идила во Словенија и Хрватска – ММС
ММС

Објавено на: 10/11/20 6:04 PM

Падна првиот снег: Вистинска зимска снежна идила во Словенија и Хрватска

На Крањска Гора, познат словенечки скијачки центар, днеска беше забележа првиот снег оваа година.

Слично беше и во Хрватска, каде што со почетокот на постудено време, снегот пристигна во Горски Котар.

Создавањето на снегот може да се види преку камерата поставена на врвот на Радежево.

Снег треба да има и во другите планински области, а се очекува и во Завичан, велат хрватските метеоролози.

Кога станува збор за БиХ, за утре е најавено облачно време со врнежи од дожд. Снег се очекува на планините кон крајот на денот и во вечерните часови.

Од друга страна, Републичкиот хидрометеоролошки институт на Србија издаде предупредување за обилни врнежи од дожд на подрачјето на скоро целата земја за утре и задутре.