Српскиот актер Милош Биковиќ со неговите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм сподели фотографија со девојка која го истетовирала неговиот лик.
„Добро поминав“, напишал на фотографијата со девојката која го истетовирала неговиот лик на цела нога.
Исто така Биковиќ и се обратил на девојката која се одлучила на ваков чекор.
„Голем поздрав до девојката која ова го направила на себе. И за мајсторот кој го направил“, напиша актерот.