Исчистени спомениците на НОБ во општина Маврово и Ростуше – ММС
ММС

Објавено на: 10/10/20 1:16 PM

Исчистени спомениците на НОБ во општина Маврово и Ростуше

Во пресрет на 11 Октомври – Денот на народното востание, општина Маврово и Ростуше реализираше акција за чистење на спомениците на Народноослободителната борба.

-Вработените во општина Маврово и Ростуше, во чест и голема почит кон загинатите борци, народни херои и дејци и на сите што ги положиле своите животи во НОБ и Револуцијата, ги исчистија и хортикултурно ги уредија сите спомен обележја од НОБ, кои се наоѓаат на територијата на нашата општина, информираа од општината.

Упатуваат честитка до сите граѓани по повод 11. Октомври и по традиција, додаваат, ќе ги посетат спомен обележјата, ќе оддадат почит и ќе положат свежо свеќе.

-11-ти Октомври е важен меѓник во борбата за независност, суверенитет, самостојност и слобода на Република Северна Македонија, кој заслужува посебна почит, посочуваат од Општина Маврово и Ростуше