Од денес до понеделник затворена за сообраќај крстосницата кај Собранието – ММС
ММС

Објавено на: 10/10/20 7:19 AM

Од денес до понеделник затворена за сообраќај крстосницата кај Собранието

Од 6 часот денеска до понеделник во попладневните часови, поради изведување градежни работи целосно затворена за сообраќај ќе биде крстосницата меѓу улиците „11 Октомври” и „Даме Груев” кај републичкото Собрание во Скопје.

За сообраќај ќе бидат слободни само десното вртење од улицата „Даме Груев” кон улицата „11 Октомври” и десното вртење од улицата „Филип Втори Македонски” кон улицата „Димитрие Чуповски”.

Автобускиот превоз ќе се движи по улиците „Даме Груев” и „Филип Втори Македонски”.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да го почитуваат воведениот режим на сообраќај и поставената патна сигнализација.

MИА