Министерството за одбрана на Кина соопшти дeка разурнувачот на американската воена морнарица „Џон Мекејн“ впловил во водите недалеку од спорните Парцелиски Острови во Јужното Кинеско Море кое го контролира Пекинг.
„Бараме САД веднаш да престанат со таквите провокативни акции и да ги намалат воените операции на море и во воздух“, напиша портпаролот на кинеската војска на мрежата Вичет.
Тој предупредува деа Пекинг ќе ги преземе сите неопходни мерки за одлучно да го одбрани националниот суверенитет и да ја одржи стабилноста во Јужното Кинеско Море.
Парцелиските Острови со децении се предмет на спор помеѓу Кина и Виетнам.