Граѓаните од Западен Балкан и понатаму ќе можат да работат во Германија – ММС
ММС

Објавено на: 10/9/20 4:38 PM

Граѓаните од Западен Балкан и понатаму ќе можат да работат во Германија

Граѓаните од Западен Балкан и понатаму ќе можат да работат во Германија. Германскиот Бундестаг одобри продолжување на така наречените Правила за Западен Балкан, со кои граѓаните од Македонија, Албанија, Србија, БиХ, Косово и Црна Гора – независно до формалните квалификации ќе можат да продолжат да работат во Германија до 2023 година.

Германската влада претходно соопшти дека земјата има потреба од работната сила од Западен Балкан, посебно во секторот градежништво.

Минатата година издадени се 27.259 работни визи во рамки на проектот „Правила за Западен Балкан“, но агенциите за вработување дале согласност за повеќе од 62.000 вработувања.

„Дојче Веле“ објави дека новост е што годинава се воведува квота од 25.000 луѓе, а најголема потреба како и претходно има за градеѓништвото, транспортот но и за негувателки.