Кривична за сопственик на угостителски објект – Правеле матурска забава на летната тераса – ММС
ММС

Објавено на: 10/9/20 4:19 PM

Кривична за сопственик на угостителски објект – Правеле матурска забава на летната тераса

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш поднесе кривична пријава против фирма од Радовиш и Л.П.(44) од Радовиш, сопственик и управител во фирмата, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

– На 06.09.2020 полициски службеници извршиле контрола во угостителски објект на фирмата и констатирале дека на летната тераса  била организирана матурска прослава, спротивно од член 12 од Протоколот за отворање и работа на угостителски објекти за исхрана, велат од МВР.