Девети протест во Тетово против поскапувањето на цената на струјата. Учесниците маршираа по главниот булевар Маршал Тито и побараа враќање на старата цена на струјата, како и укинување на Регулаторната комисија за енергетика.
Наместо помош за социјалните случаи, дополнителен товар во време на пандемија ќе бидe поскапата струја, истакнаа учесниците на деветиот по ред протест против поскапувањето на цената на струјата.
Организаторите на протестот, сметаат дека поскапувањето на цената на струјата е договорена работа и таен бизнис помеѓу олигарсите и државата
Од Иницијативата против поскапувањето на цената на струјата, велат дека во иднина протестите нема да бидат мирни туку порадикални, а најавуваат и граѓанска непослушност.
Зоран Димовски