Kaвадарци доби зелен катастар – ММС
ММС

Објавено на: 10/9/20 12:26 PM

Kaвадарци доби зелен катастар

Сите дрва и грмушки во Кавадарци се попишани. Типологијата на растението, неговата здравствена состојба, висина и ширина како и старост и потребна интервенција се дел од зелениот катастар кој го изработи општината, а е законско обврска согласно законот за урбано зеленило.

„Информациите кои ги добивме со завршување на описот и пописот на дрвјата и грмушките во парковите, скверовите, градските дрвореди и дворовите на институциите во Кавадарци има 10490 дрва и 1238 грмушки. Со овој број стручните лица од урбаното зеленило и шумарство не уверуваат дека имаме задоволителен број на дрва и грмушки. Ние како општина продолжуваме со садење и до крајот на годината ќе се засадат уште 150 дрва и 200 грмушки“ вели Димитар Радњански од службата „Мој општинар“ задолжен за хортикултурно уредување и заштита на природата при општина Кавадарци.

Зелениот катастар ги опфаќа и тревните и цветните површини и пешачките патеки во парковите.  ВО Кавадарци има близу 1.100.000 м2 тревни површини,  2.830 м2 цветни површини и 128.410 м2 патеки. Од општината информираат дека во изминатиот период било обновено 90% од вкупното зеленило во градот, а се поставиле и подземни инсталации за наводнување и дополнително осветлување .

Зелениот катастар е јавен документ и ќе биде достапен за сите граѓани на општинскиот сајт.

 

 

Ангел Данов